Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хофрајтер повтори дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ

Хофрајтер повтори дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ

И во иднина Германија ќе продолжи да биде силна поддршка на Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ.

Ова е пораката на пратеникот и претседатвач на Комитетот за Европската унија во германскиот Бундестаг, Антон Хофрајтер испратена преку министерот за надворешни работи Бујар Осман.

Двајцата соговорници денес имаа средба во чиј фокус беа политичко - безбедносните прашања со кои се соочува Европа и регионот поради руската инвазија врз Украина. 

Хофрајтер преку Османи уште еднаш порача дека Германија со сите капацитети ќе продолжи да ја поддржува Македонија.

Слично

Поврзани вести