Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хоџа: Нема да седиме со ДУИ во Владата, не сум емотивен

Хоџа: Нема да седиме со ДУИ во Владата, не сум емотивен

Нема да дозволиме да бидеме на иста маса со луѓе кои во име на евроинтеграциите ја нарушуваат волјата на граѓаните, вели Аријанит Хоџа, актуелниот министер за земјоделство, генерален секретар на Движењето Беса, коалиционен партнер на СДСМ во Владата. Од Беса се лути поради како што велат, манипулациите на владечката ДУИ за изборниот резултат во избирачкото место 2107 во општина Желино. 

„Во Влада со министри од ДУИ јас нема да седам на иста маса, можеби мојот став е емотивен како што вели Али Ахмети, но јас ќе речам дека е принципиелен, бидејќи нема да дозволам натамошно непочитување на Беса како коалициски партнер, изјави Хоџа кој беше и шеф на Изборниот штаб на Беса на изборите. 

Хоџа рече дека во партијата продолжуваат консултациите дали ќе останат дел од Владата. Самиот тврди дека ќе поднесе оставка од функцијата министер за земјоделство, доколку партиските органи продолжат да бидат дел од Владата.

Најави дека ќе се поднесе тужба до Управниот суд за одлуката на ДИК да се прегласува во ова избирачко место во Желино. 

Претходно лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека нема потреба да се врши притисок врз институциите и дека треба да се почитува одлуката на ДИК за прегласување на едно избирачко место во Желино. 

„Сметам дека нема да се случи Беса да ја напушти Владата, зашто таквиот потег нема да ѝ биде од полза на таа партија. Нивните изјави може да се разберат како еден вид притисок врз владејачката коалиција, но коалицијата нема да биде оштетена од таквите изјави или слични притисоци. Пред сѐ, тоа не е добро затоа што тие изјави значат притисок врз институциите кои мора да го спроведат законот,  изјави Ахмети.

Проблемот во Желино се појави откако Беса веќе прогласи победа на нивниот кандидат за градоначалник во општината, кој освои 59 гласови повеќе од кандидатот на ДУИ, но во меѓувреме, ДИК ги прифати приговорите на ДУИ за гласањето на едно избирачко место во Желино и донесе одкука за прегласување бидејќи има можност за промена на изборниот резултат.


Слично

Поврзани вести