ХОЏА: И ВМРО-ДПМНЕ бараше помош од мене
Новиот советник на премиерот Зоран Заев, Џезаир Шаќири-Хоџа вели дека за време на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ бил баран за нивен советник кој ќе помогне во демаркацијата на државата, пишува ТВ24.
Во интервју за веб порталот Лајм, Хоџа ги повика ВМРО – ДМПНЕ да не заборават на времето кога требало да се прави демаркацијата, појаснувајќи дека тогаш биле присутни и од Владата на Косово, претставници од Албанија, Американци, како и од Македонија а на чело со претседателот на комисијата, Теодор Јанев.
Хоџа во интервјуто за Лајм појаснува дека од него било побарано да им помогне во елиминацијата на проблемите и да придонесе за прашањето на демаркацијата, што беше во интерес на регионот. Шаќири додава дека Антонио Милошоски како тогашен министер за надворешни работи го молел преку телефон и му рекол дека не му пречи што бил бунтовник.
„ВМРО тогаш во Танушевци испрати четири министри, таму беше и Бујар Османи може да го прашате. Тогаш се договоривме да ја отворат границата, но тоа никогаш не се случи. Ние тогаш баравме да се исполнат некои барања, да се отвори амбуланта, да се градат патиштата. Но не лажеа како и секогаш“, тврди Хоџа.
извор: ТВ24
