Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хилал се лекуваше на хематолошкото одделение на Детска - денеска здрава си отиде дома

Хилал се лекуваше на хематолошкото одделение на Детска - денеска здрава си отиде дома

Хилал си оди дома здрава и насмеана, среќна дека се избори со болеста. 

Видеото, кое е одобрено од родителите, го објави министерот за здравство Венко Филипче, на својот фејсбук профил. 

„Таа се лекуваше на хематолошкото одделение на Клиниката за детски болести. Во месецот посветен за подигнување на свеста за карцином кај деца и адолесценти, Хилал заминува дома. Септември е “златен” месец, а златната лента е симбол за поддршката на децата болни од рак и нивните родители. Златната боја е боја на храброста и упорноста. Огромна благодарност до детската клиника за неисцрпната сила што ја даваат во третманот на нашите мали, големи херои! “, напиша Филипче.

Погледнете го видеото. 



Слично

Поврзани вести