ХЕРОЈОТ НА ЕВАКУАЦИЈАТА НА НАШИТЕ ДРЖАВЈАНИ - Османи со осврт на извлекувањето Македонци од Израел
Мачеј Качоровски, нашиот дипломат и вршител на работи во Амбасадата во Тел Авив е херојот на евакуацијата на нашите државјани од Израел.
Ова го објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи на неговиот фејсбук профил.
Како што истакна Османи, Качоровски одиграл клучна улога во извлекувањето на нашите државјани преку различни транспортни рути, неуморно координирајќи го целокупниот процес од почетокот па сѐ до нивното безбедно враќање во Македонија.
- Признание и за активностите на Кризниот штаб во МНР, нашата дипломатско-конзуларна мрежа и СОС тимот, кои придонесоа за успешна финализација на евакуацијата.
Благодарност за нивниот континуиран ангажман и посветена работа за интересот и безбедноста на нашите граѓани во отежнати и воени услови - напиша Османи.
Слично
