Херојот Костадинов: Најтешко ми беше да изнесувам онесвестени на раце
Херојот од Виница, јован Костадинов, кој и самиот заврши во болница по трагедијата со пожарот во дискотеката во Кочани, за иницијативата „Поддржи го Кочани“ изнесе детали од неговата самопожртвуваност да спаси што е можно повеќе животи.
Костадинов вели дека претешко било да се изнесуваат младите, затоа што биле онесвестени, и практично сам на раце требало да ги вади од дискотеката. Ги изнесувал само до излезот, каде ги преземале други, за тој веднаш да се врати по нови загрозени.
- Кога излегов надвор на воздуг паднав на колена и многу ми се слоши. Ме земаа со една кола да ме носта, а мене очите ме печеа и ми се вртеше. Одзаде ме возеа со двајца онесвестени, а во болницата беше хаос, рече Костадинов.
Тој наведе и детали за тоа како успеал да се снајде во својата намера да спаси жто е можно повеќе животи.
- Го земав цревто, се измокрив. Отидов на главниот влез, ама луѓето таму беа многу заглавени, па
влегов низ прозорецот што е кај билетите. Влегов во таа соба, имаше таму четири или пет луѓе.
Вратата беше заглавена, ја скршивме и почнавме да ги вадиме еден по еден“, раскажува
Костадинов.
