Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХЕРОИТЕ ОД ЦРВЕН КРСТ: Наполнија базен за хеликоптерот да полни вода и поефикасно да гаси пожари!

ХЕРОИТЕ ОД ЦРВЕН КРСТ: Наполнија базен за хеликоптерот да полни вода и поефикасно да гаси пожари!

Волонтери на Црвениот крст поставија базен од кој хеликоптерот полни вода и на тој начин прави многу повеќе налети и истура значително повеќе вода врз огнените точки, со цел поуспешно гаснее на пожарот на територија на Општина Старо Нагоричане, во атарот на селото Челопек.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов им се заблагодари на волонтерите но и на вештите пилоти на хеликоптерот кои успеаја да полнат вода од базенот.


„ Заради поуспешно гаснење на пожарот на територијата на општина Старо Нагоричане, во атарот на с. Челопек, во координација на Главниот штаб за управување со кризи, волонтери на Црвениот крст поставија базен од кој хеликоптерот полни вода и на тој начин прави многу повеќе налети и истура значително повеќе вода врз огнените точки отколку кога би летал до најблиското езерце.

Голема благодарност до храбрите волонтери на Црвениот крст и храбрите и вешти пилоти на хеликоптери!“ напиша Ангелов на Фејсбук.



Слично

Поврзани вести