Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Херкулес“ ќе фрла падобран-бомби во Македонија, но нема да смее да полни вода од Охридско Езеро

„Херкулес“ ќе фрла падобран-бомби во Македонија, но нема да смее да полни вода од Охридско Езеро

Покрај Спартан канадер, Романија како помош за Македонија денеска ќе испрати уште еден многу поголем авион за гаснење на пожарите - Херкулес 530, информираше Центарот за управување со кризи.

- Херкулес 530 пристигнува и е многу поголем. Тоа е товарен авион прилагоден дополнително за гаснење на пожари. Се работи за специјализиран авион кој со себе носи техничка опрема, пожарникари и шест-тонски ќеси наполнети со вода и при летањето хидраулично ги исфрла во форма на падобран-бомба, информираше портпаролот на ЦУК на денешната прес-конференција.

Тој напомена дека нема да може да полни вода од Охридското Езеро бидејќи тоа е забрането од УНЕСКО,  а како алтернативна можност е Преспанското Езеро или тоа да се прави од некое поголемо вештачко езеро.

Повеќе детали се очекуваат околу 17.00 часот, а според ЦУК ова се летала кои се користат за големи пожари.

Слично

Поврзани вести