Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ХЕМИСКИТЕ ФАБРИКИ ЌЕ СЕ ГРАДАТ ВО ЗАШТИТНАТА ЗОНА НЕРЕЗИ-ЛЕПЕНЕЦ, БУНАРИТЕ ОД КОИ ВОДА ПИЕ ЦЕЛО СКОПЈЕ“: Арсовска откри дека уште од лани не дозволиле нивна изградба

„ХЕМИСКИТЕ ФАБРИКИ ЌЕ СЕ ГРАДАТ ВО ЗАШТИТНАТА ЗОНА НЕРЕЗИ-ЛЕПЕНЕЦ, БУНАРИТЕ ОД КОИ ВОДА ПИЕ ЦЕЛО СКОПЈЕ“: Арсовска откри дека уште од лани не дозволиле нивна изградба

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откри дека трите хемиски фабрики  не добиле дозвола за градба уште во февруари минатата година.
„Во февруари 2024 година како град Скопје, не дозволивме и не дадовме согласност за градба на три индустриски објекти хемиски фабрики на 157.000 m2 и дополнително над 30 висококатници со кои ќе се пренатрупа за двојно повеќе бројот на жители дозволени согласно ГУП во тој дел на градот.
Одлуката на општина Ѓорче Петров ја обжаливме уште тогаш до Уставниот суд затоа што хемиските фабрики ќе се градат во заштитната зона Нерези - Лепенец и бунарите од кои вода пие цело Скопје.
На 28 мај 2025 година, година и половина од нашата иницијатива до Уставниот суд, судиите одлучија да не ја разгледуваат иницијативата за оценка на Уставноста поднесена од град Скопје.

Жителите на Ѓорче Петров не сакаат три индустриски објекти хемиски фабрики на 157.000 m2 да се градат во општината“, вели таа.



Слично

Поврзани вести