Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хемикалијата од Охис ќе биде собрана и безбедно складирана

Хемикалијата од Охис ќе биде собрана  и безбедно складирана

Хемикалијата која се изли во  Охис ќе биде собрана  и безбeдно складирана, вели државниот инспектор за животна средина, Пејо Кировски. 

Тој објаснува дека се работи за вентили кои се стари и по 30 години и затоа хемикалијата протекла од цистерната, но вели дека не е контаминирана почвата и дека не би требало да има последици по здравјето на луѓето. 

„Кога стигнавме имаше миризба како на лепило и смола, но хемикалијата до вечер ќе биде собрана и утре јас пак ќе поминам за да проверам дали е во ред“, вели Кировски. 

За тоа дали би следело некаква казна, вели дека ќе треба да се направат анализи, и да се види кој ќе биде исходот. 

Слично

Поврзани вести