Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хелсиншкиот комитет бара да се казнат соодветно напаѓачите на Саздовски

Хелсиншкиот комитет бара да се казнат соодветно напаѓачите на Саздовски

Овој случај е потврда дека злосторствата од омраза се сериозни и дека последиците од нив може да бидат фатални, велат од Хелсиншкиот комитет за случајот со младото момче Никола Саздовски кој им подлегна на повредите откако беше претепан. 

„Изразуваме искрено жалење за прерано загубениот живот и уште еднаш повикуваме на смиреност кај сите граѓани, а особено кај членовите на навивачките групи, бидејќи никакви инциденти нема да го вратат младото момче назад, а може да доведат само до дополнителни жртви и нарушување на мирот и безбедоста на останатите граѓани. Институциите пак, мора со најголемо внимание, ефикасност и темелност да му пристапат на овој случај, да ги обезбедат сите докази и согласно истите да го квалификуваат делото и да ја водат постапката против сторителите, кои согласно закон би биле изведени пред суд и казнети соодветно. Хелсиншкиот Комитет го евидентира овој случај како случај на злосторство од омраза и истиот ќе го следи и понатаму со должно внимание, особено за тоа како ќе го квалификуваат надлежните инсититуции овој случај, како и во кои рокови ќе постапуваат и секако да го мониторира судскиот предмет по негово започнување“ - велат од Хелсиншки. 

Ги повикуваат владејачките и опозиционерските политички партии да го препознаат овој случај како сериозен случај на злосторство од омраза, да го осудат, да ги повикаат граѓаните на смиреност и што е најважно, да не го искористуваат овој случај за дневно политички поени и за разгорување на нетрпеливост помеѓу двете етнички заедници ( македонската и албаската) и секако да не ги попречуваат или влијаат било како на институциите во вршењето на нивната работа.

Слично

Поврзани вести