Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хелсиншки најостро го осуди инцидентот во Тетово, од МВР нема пријава

Хелсиншки најостро го осуди инцидентот во Тетово, од МВР нема пријава

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија најостро го осудува вчерашниот инцидент во Тетово предизвикан од припадници на навивачката група ,,Балисти’’, но МВР засега не поднела пријави против никого. 

,,На објавените видеа од случувањата на тетовските улици на 4 ноември 2018 година се слушаат песни и извици во кои е забележан говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и извршување на дело од омраза, односно фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости”, стои во соопштението.

Хелсиншкиот комитет со посебно внимание ќе го следи разрешувањето на овој инцидент и ќе бара најстроги казни зa дела од омраза и говор на омраза, чија цел е предизвикување меѓуетнички тензии и насилство.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека СВР – Тетово презема соодветни мерки против инволвираните во инцидентите пред фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Шкендија и на Шкупи што се случи викендов во Тетово.

Како што информираат од МВР повредени нема, а не е предизвикана ниту поголема материјална штета од страна на навивачите на фудбалскиот клуб Шкендија кои пред почетокот на натпреварот со ФК Шкупи во Тетово го нарушиле јавниот ред и мир фрлајќи со камења и шишиња кон терасата на кафуле во Тетово.

На социјалните мрежи вчера се појавија видеа на кои се гледа движењето на Балистите кон градскиот стадион како скандираат. Тие фрлаа со камења кон македонско кафуле и извикуваа „УЧК, УЧК“ и „Смрт за каури“. 

Слично

Поврзани вести