Хелсиншки: Бегалците на Табановце со лоша храна и само половина литар вода дневно
Бегалците кои се наоѓаат во прифатниот камп во Табановце се во многу лоша состојба и според извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права тие добиваат само половина литар вода дневно.Таму престојуваат 20 лица, а минатиот месец бил влошен и квалитетот на храната.
- Поплаките на бегалците се дека храната е недоволна и со лош квалитет. Истовремено, воспоставено е и ограничување на пристапот до вода за пиење, односно бегалците имаат право да добијат едно шише вода од половина литар на ден. Лошиот квалитет и недостигот од храна не се променети и покрај почнувањето на рамазанските пости“, се наведува во извештајот на Хелсиншкиот комитет.
Комитетот апелира да се подобри квалитетот на храна, која ќе ги задоволи сите нутриционистички стандарди, како и да се обезбеди пристап до неограничено количество вода.
Состојбата во кампот со бегалци „Винојуг“ е непроменета и е релативно добра.
