Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“, сообраќајот се одвива наизменично
Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е активиран во гаснење на пожарот што избувна покрај патот кон граничниот премин Блаце, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично, информираа од Центарот за управување со кризи и АМСМ.
- Хеликоптерот моментално е активен на терен и активно учествува во гаснењето на големиот пожар што избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце - објави ЦУК споделувајќи фотографии и од директорот Мухамед Али кој од терен ја координира акцијата за справување со пожарот.
- По пријава на бројот за итни повици 112 за пожар на непристапен терен пред тунелот, од десната страна на патот, ЦУК веднаш упати итно барање за воздухопловна поддршка до Министерството за внатрешни работи - се потенцира во нивната објава.

ЦУК претходно соопшти дека пожарот што избувна над магистралниот пат Скопје – ГП Блаце, пред тунелот од десна страна, е со голем интензитет, а силниот ветер го разгорува и го насочува кон ридот, додека другиот крак се движи кон селата Блаце и Чучер.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
