Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хекуран Дука разочаран затоа што коронавирусот повторно зема замав во Дебар

Хекуран Дука разочаран затоа што коронавирусот повторно зема замав во Дебар

Првиот човек на Општина Дебар, Хекуран Дука  е разочаран затоа што повторно имаат нову случаи на заразени со Ковид -19. 

„Поради непочитување на мерките повторно имаме новозаразени во Дебар“, вели градоначалникот Дука.

Рече дека трите позитивни случаи се од земените осум брисеви во понеделникот, а за седумте брисеви земени во вторникот сеуште се чекаат резултати. Резултати се очекуваат и од вчерашниот скрининг на вработените во детската градинка, со кој беа опфатени 69-те вработени во оваа установа.

Со последните три нови случаи, вкупната бројка на заразени во Дебар се зголеми на 56. При тоа две лица се од Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Од вкупната бројка, 47 се оздравени, четворица починати, а активни на болеста се пет лица

Короната по подолг период се врати во Дебар. 

Во земјава денес има 164 заразени, и две починати лица. 


Слично

Поврзани вести