ХЕБИБ БУЊАКУ Е УБИЕНИОТ МЛАД ЧОВЕК ВО ЧАИР: Беше син на поранешен функционер на ДУИ
Во престрелката што се случи вчера во скопски Чаир, односно во Топанско Поле, животот го загуби 35-годишниот Хебиб Буњаку, кој бил вработен во МЕПСО. Тој беше син на поранешниот функционер на ДУИ, Екрем Буњаку кој во 2013 година беше директор на Државната техничка инспекција, а моментално е вработен во Општина Чаир.
Пријетлите на Хебиб се простуваат од него на социјалните мрежи, изразувајќи жалење за неговата прерана смрт. Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, исто така се огласи, нарекувајќи го Хебиб „наш пријател, брат и најдобриот, дарежлив и мудар син.
Од својот добар
пријател се прости и Љупчо Зиков
Многу тажно …
Вечна ти слава, драг пријателе Хебиб Буњаку! Патувај мирно и чувај место до тебе … Еден ден ќе се сретнеме и ќе се смееме како што тоа го правевме секојдневно …
Екрем, најдлабоко сочувство тебе и на целото твое семејство …
МВР соопшти дека по преземени мерки било утврдено дека Х.Б. и А.Д. претходно учествувале во вооружена престрелка на подрачјето на Чаир. Четири лица се уапсени под сомнение за учество во престрелката, а истражните органи работат на целосно утврдување на крвавиот инцидент.
