Економија, финансии, бизнис

Контакт

Health Consumer Powerhouse: Идејата на Тодоров ја превзедоа во Србија и Црна Гора

Health Consumer Powerhouse: Идејата на Тодоров ја превзедоа во Србија и Црна Гора

Македонското здравство и натаму е добро позиционирано во најновото рангирање на Healt Consumer Powerhouse, благодарение на имплементацијата на „мој термин“, проектот на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, покажува бодувањето институтот кој ги проучува здравствените системи на земјите од Европа.

Македонија се наоќа на 22 место оваа година, што е подобро од земји како Малта, Ирска, Црна Гора, Албанија, Летонија, Полска, Унгарија, Латвија, Грција, Бугарија и Романија.

Македонија во 2014-та година кога го спорведуваше овој проект го достигна својот зенит во ова рангирање и за 12 месеци од 27 позиција скокна на 16 позиција.

Благодарение на овој проект, велат од Healt Consumer Powerhouse, пациентите од Македонија имаат најбрз пристап до доктори. Тодоров идејата ја започна со реализација во 2011-та, а на почетоците наиде на голем отпор и недоверба кај дел од јавноста.

- Тоа најмногу се должи на електронските листи на чекање. Благодарение на посебна апликација, може да се види кој доктор во кое време е слободен. Секој пациен во секое време на тој начин може да дојде за кратко време до специјалист. Апликацијата е успешна затоа што се работи за мала земја со 200 километри должина од граница до граница. Таа има таков успех, што веќе е превземена од Србија и Црна Гора - се вели во извештајот.

На првото место е Холандија со 924 од максимални 1.000 бода. Тие се најдобри затоа што има здрава конкуренција на пазарот на здравствени услуги, Таму здравствените услуги се убедливо најдобри во психијатриските болници и работата со лица со посебни потреби. Фондот е во одлична кондиција и на секој му е обезбедена платена операција, без разлика на степенот на итност и колку е скапа.

На првите десет места се уште Швајцарија, Данска, Норвешка, Луксембург, Финска, Германија, Белгија, Исланд и Франција.

Основни критериуми на рангирањето се правата на пациентите, нивната информираност, достапност, резултати од лекувањето, опсегот на услугите и превентивноста.

Слично

Поврзани вести