Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хазби Лика се врати на работа?

Хазби Лика се врати на работа?

Хазби Лика, вицепремиерот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, се вратил на редовните активности во Владата на Македонија.

По повеќе од 6 месечно противзаконско отсуство се вратил на работа и формално присуствувал на владини седници, велат извори во Владата за Експрес.

Јавните гласила го посочија Лика дека е прв пик кај премиерот Зоран Заев за негов отказ и да биде заменет со друг функционер од редовите на ДУИ.

Пред десетина дена премиерот Заев индиректно најави дека може да биде сменет без да бидат спомнати конкретни имиња. Заев најави дека одговорност ќе мораат да понесат сите оние што не ги исполнуваат задачите, но и што не доаѓаат на работните места, а земаат плата, во што јавноста го препозна вицепремиерот Лика. 

Слично

Поврзани вести