Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хазби Лика не може да гарантира закон за припадниците на ОНА

Хазби Лика не може да гарантира закон за припадниците на ОНА

Новиот вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика посочи дека не може да гарантира закон со кој ќе се третираат припадниците на ОНА, загинатите борци, ранетите и нивните семејства, бидејќи засега нема таков договор во новата влада како што немало и во претходните влади. 

„Мислам дека нешто треба да се направи во врска со ова, а за тоа што ќе следи, моментално, не сум во можност да зборувам детално, за лошо да не се интерпретира од јавноста и особено од оние кои беа директни учесници во овој конфликт. Не можам да кажам дали ќе се усвои некој закон. Бидејќи досега договорите што се направени меѓу албанските партии и во сегашната владина коалиција, не успеале да се договорат за такво нешто. Мислам дека со текот на времето треба да се види и оваа работа, ако е можно, барем семејствата на паднатите борци и оние што беа ранети за време на војната да се третираат од државата“, рече Лика за Алсат М.

Да постетиме ДУИ го блокираше и носењето на законот за бранителите од 2001-ва. Тогаш се потенцираше дека голем број на ветерани на ОНА сепак, добиваат социјална заштита од државата преку различни програми, а постојат и голем број на вработувања во јавните институции.

Слично

Поврзани вести