ХАРКОВ, ГОЛГОТА ПА МАКЕДОНИЈА: Дошле со по една кеса, приказната на овие млади е претажна
Ова тричлено семејство од Харков веќе една недела престојува во Македонија. Таткото на Кристина е починат, а баба ѝ и дедо останале во близина на Харков, бидејќи оние над 60 години не смееле да ја напуштаат земјата, јавува ТВ21.
„Седевме седум дена во подрум, се криевме брат ми не сакаше да излезе многу се плашеше, мојот школски другар со неговото семејство не однесе во Мирборот и од таму почнавме да се движиме во стрнство“, рече Кристина.
Патувањето без точна крајна дестинација започнало од родниот Харков, преку Миргорот, Лавов, Ужгород, од Унгарија со три воза до Србија и од Србија со автомобил до Македонија. 14 часа се возеле стоечки во воз.
„Нашата куќа нема прозорци но тоа е наша родна куќа и би сакале да се вратиме таму, бидејќи тука е убаво, но во туѓа држава сме.“, рече Кристина.
Кристина со нејзината мајка и брат престојуваат кај госпоѓа, која вели дека претходно биле сместени во Велес во хотел, но повеќе не можеле да плаќаат и барале во амбасада сместување.
-Кога пристигнаа беа со неколку кеси, истрауматизирани, гладни, идат во неизвесност, не знаат каде одат, незнаат со кого ќе бидат во која куќа, кој ќе ги пречека, како ќе бидат дочекани, како ќе бидат прифатени. Неколку дена се кај мене. Дојдоа без облека, тоа што имаа на нив тоа ним беше се“, вели таа.
