Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хари Локвенец нов потпретседател на СДСМ?

Хари Локвенец нов потпретседател на СДСМ?

Хари Локвенец се споменува како еден од можните нови потпретседатели на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, пишува „Независен“.

Според весникот, една од причините за негово назначување е и тоа што нема претставник од Прилеп во Извршниот одбор на СДСМ а единствено Дане Талески се враќа како секретар за меѓународна политика.

Според најавите, комплетирањето на раководството ќе биде по владината реконструкција. Се очекува Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири да ги задржат потпретседателските позиции.

Наводно, петтото потпретседателско место е „резервирано“ за жена, за што, според информациите, веќе било разговарано со личности од бизнис-секторот. 

Слично

Поврзани вести