Харадинај за МИА: Може да се превземат некои одредби од Преспанскиот договор
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во интервју за МИА, кое треба да биде цеосно објавено подоцна, вели дека договорот што се очекува оваа година помеѓу Косово и Србија може да преземе некои позитивни одредби од Преспанскиот договор, но генерално модеот е несоодветен за спорот на тие две држави.
„Се надевам дека и ние ќе успееме да преземеме некои добри одредби од Преспанскиот договор. Не би смеел, сепак, да кажам дека тоа е модел, бидејќи релациите меѓу Косово и Србија се поинакви“, вели Харадинај
Додава дека односите меѓу Косово и Србија се битни и дека целта е да се постигне договор што ќе обезбеди траен мир, а не промена на има на една држава.
„Потребно е постигнување сеопфатен договор, бидејќи меѓу Белград и Приштина има долга листа
на работи за кои мораме да се договориме: од воена отштета, сукцесијата, трговијата
и политиката, правата на српската заедница која живее на Косово, верските и сите
останати права…“, додаде тој.
