Харадинај со оценка за меѓуетничките односи во Македонија
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја оцени како добра ситуацијата во Македонија со меѓуетничките односи, првенствено помеѓу Македонците и Албанците, во интервјуто кое денеска беше целосно објавено на МИА:
„За Македонија е битно и тоа што меѓуетничките односи се добри.Тоа е добро и ние ги цениме напорите на актуелниот македонски премиер господинот Заев, затоа што на свој начин придонесе кон тоа помирување“, рече меѓудругото Харадинај.
Смета дека доколку Македонија ја заврши агендата што ја има пред себе со ратификацијата и со имплементацијата на Договорот со Грција, тогаш еден дел од нашиот регион ќе биде во НАТО и Европа и ќе испрати позитивна порака и другите да останат на курсот на тој правец.
Слично
