Економија, финансии, бизнис

Контакт

Харадинај му ги врати гостите на Заев

Харадинај му ги врати гостите на Заев

Косовскиот премиер кој пред неколку месеци му беше домаќин на премиерот и неговата сопруга , му дојдоа во посета на Заев .

Јавноста за ова дозна преку социјалните мрежи каде самиот Рамуш Харадинај, на Фејсбук објави фотографии и напиша дека е на гости кај Заеви.

Харадинај пишува дека заедно со неговата сопруга Анаита биле на гости во  во домот на премиерот на Македонија, Зоран Заев и неговата сопруга Зорица. 

„Пријатен разговор, за добрососедство, коректна соработка и заедничка евро-атлантска иднина на двете земји!“, напиша кратко Харадинај.

На социјалните профили на премиерот нема никаква информација за оваа посета, па најверојатно истата е од неформален карактер.


Слично

Поврзани вести