Хаос во Левица пред референдумот: Основачи со пријава против раководството
Основачи на Левица поднеле кривична пријава за кривично дело против актуелното ракјоводство на Левица и во допис до медиумите велат дека настапуваат во името на целокупното членство. Најверојатнбо превирањата се случуваат поради екстремнопт став за строго бојкотирање на референдумот, а тука предничи како најекспониран професорот Димитар Апасаиев. Поднесувачите на пријата велат дека претседателството ја киднапирало партијата за своја лична корист.
„Како да веруваме дека раководството го брани Уставот на државата ако го крши законот за да се спаси од демократскиот глас? Како да веруваме на било која правна експертиза и анализа на раководството на партијата, ако свесно корумпираат судски систем за да обезбедат непречено владеење?“, се вели во соопштението.
Истото е потпишано од Перо Оџаклиески, Владимир Куновски од Скопје, Андон Андоновски, Марјан Ненов, Петре Вртаноски, Страшо Наумоски, Јане Илиоски , Петко Манчевски и Димче Божиновски.
