Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хаос во кочанската болница: Син на пациентка давел докторка

Хаос во кочанската болница: Син на пациентка давел докторка

Докторка по интерна медицина од кочанската болница е сериозно повредена откако вчера син на хоспитализирана пациентка се обидел да ја убие давејќи ја.

Според информации од вработените, синот на болното лице, прво вербално ја нападнал докторката. Тој ден немало многу гужва како што било вообичаено. Напаѓачот влегол во собата за доктори и почнал да и вика на докторката дека не кажала колку точно инсулин треба да прима дневно неговата мајка. 

Таа пак два дена претходно била хоспитализирана во болницата и како што тврдат оттаму и биле направени сите потребни испитувања и се наоѓа во стабилна состојба. 

Нападнатата докторка се обидела да објасни, но синот во еден момент ја затворил вратата и ја фатил за вратот. Докторката изгубила свест. Сепак за среќа воеден момент двајца кочанчани кои дошле на посета кај друг пациент тропнале на врата и влегле во собата, па успеале да го тргнат напаѓачот. На докторката веднаш била пружана медицинска помош и е на домашно лекување.

Напаѓачот е приведен. Од полицијата не соопштуваат други детали.


Слично

Поврзани вести