Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАОС ПРЕД ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА - ПРИВЕДЕНИ 13 ЛИЦА: дошло до физичка пресметка меѓу две групи, имало и ладно и огнено оружје

ХАОС ПРЕД ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА - ПРИВЕДЕНИ 13 ЛИЦА: дошло до физичка пресметка меѓу две групи, имало и ладно и огнено оружје

Во Прилеп денеска се случи драматична вооружена пресметка меѓу две групи лица во дворот и околу градската болница, пренесува прилепскиот портал Маркукуле, кој објави и видео од настанот.  

Според објавата, во судирот било користено и огнено и ладно оружје, а полицијата била принудена веднаш да интервенира за да ја стави ситуацијата под контрола и да спречи поголеми последици.

На видеото што го објави порталот „Маркукуле“ се гледа дека пред прилепската болница пристигнуваат неколку полициски возила, а од нив излегуваат повеќе вооружени полициски екипи.  

Се претпоставува дека две поголеми групи во близина на болницата се обиделе да се пресметаат.  

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) излегоа со детали за инцидентот пред прилепската болница.  

- Денеска околу 12 часот во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница „Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка меѓу повеќе лица, употребувајќи дрвени и други предмети -  се вели во соопштението од полицијата. 

Иако на местото на настанот се испратени полициски службеници, сепак учесниците во инцидентот не постапиле по нивните наредби да престанат, по што еден од полицајците испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол.  

По полициската интервенција, од Секторот за внатрешнби работи (СВР) Битола соопштија дека се приведени 13 лица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести