Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ханс ван Бален: Новата Влада ја има поддршката од либералите и демократите во Европа

Ханс ван Бален: Новата Влада ја има поддршката од либералите и демократите во Европа

Европратеникот Ханс ван Бален и претседател на Алијансата на либерали и демократи во Европа изјави дека новата Влада ја има поддршката од либералите и демократите во Европа, како и од демократскиот свет, во реформскиот процес што ги забрзува евро-атлантските перспективи на Република Македонија. 

Тој изрази надеж дека и отвореното прашање со Република Грција ќе биде решено во духот на новиот пристап што го манифестира новата македонска влада.

Во Владата на Република Македонија денеска беа презентирани заедничките заклучоци од средбата на министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, со европратеникот Ханс ван Бален, претседател на Алијансата на либерали и демократи во Европа (АЛДЕ).

Министерот Шапуриќ кажа дека за време на средбите на европратеникот и претседател на АЛДЕ, Ван Бален, покажал интерес и за бизнис климата во Република Македонија, од аспект на новата стратегија на Владата на РМ поврзана со странските инвестиции.

„Го информиравме нашиот гостин од Холандија дека новиот концепт на владата за странските инвестиции го промовира принципот на транспарентност и на еднаков пристап кон привилегиите за сите странски инвеститори, како и принципилената заложба на новата влада истите привилигии за инвестирање да им бидат понудени и на домашните компании за нивните инвестициски стратегии“ - вели Шапуриќ.

Ханс ван Бален, на прашањето на новинарите да ги коментира актуелните настани во регионот и особено последните настани во односите на Република Македонија со Србија, рече дека посебен впечаток му оставиле позитивниот и добронамерен пристап на македонската Влада која во решавањето на ситуацијата со Република Србија одговорила на еден европски и проактивен начин, со еден телефонски разговор.

Слично

Поврзани вести