Ханделсблад: Пандев можеби нема да биде граѓанин на ЕУ, но го има во албумот „Панини“
Најугледниот холандски весник „Ханделсблад“ имаше само пофални зборови за најдобриоот македонски фудбалер Горан Пандев по поразот на Македонија од Холандија од -3 во 3.коло од групната фаза на Европското првенство во меч во кој капитенот на националниот тим стави крај на репрезентативната кариера.
Ханделсблад му посвети посебен коментар на напаѓачот на македонската репрезентација со наслов „Пандев за претседател“, а истиот беше во контекст на критика кон Европската унија.
„Можеби македонските деца нема да дочекаат во текот на кариерата на Пандев да станат граѓани на ЕУ, но кому му е гајле кога вашата земја и вашиот херој се вклучени во албумот „Панини“.
На конкурентен турнир каде е тешко возможно да се пласирате во следната фаза, беше сигурно дека Северна Македонија веднаш ќе биде елиминирана. Реалистички аргументи: една од најсиромашните, најмалите, најмладите земји во Европа која е број 62 на светското рангирање.
Премиерот Зоран Заев - кој разменуваше поздрави со лактот со Марк Руте во Арената - мораше да додаде префикс на името на неговата земја под грчки притисок. Сега тој е уценуван од Бугарија, која сака да го деградира македонскиот јазик на ниво на дијалект пред да може да се зборува за влез во Европската унија“, гласи дел од коментарот на „Ханделсблад“.
