Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан: Во Собранието беа нападнати оние кои се за влез во ЕУ

Хан: Во Собранието беа нападнати оние кои се за влез во ЕУ

Во интервју за австриски Стандард еврокомесарот Јоханес Хан вели дека  нападот врз македонскиот парламент нема да има последици врз шансите за почеток на преговори со ЕУ... доколку не се повтори, пренесе Дојче Веле.

„Не очекував ваков напад врз Собранието, но нештата за жал некогаш тргнуваат и наопаку“, одговора Хан на прашањето на Стандард „дали очекувал дека националконзервативците ќе упаднат во парламентот?“

Но, вели тој понатаму, „доколку тоа создава впечаток дека земјата сега автоматски ќе биде исфрлена од процесот на придружување, одговорот е Не“.

„Во парламентот беа нападнати оние кои се залагаат за европскиот процес. Ќе биде неправедно сега да кажеме, со тоа заврши перспективата за придружување (кон ЕУ, н.з.). Напротив, се надевам дека случувањата ќе бидат аларм за будење. Доколку се повторат, тогаш ќе биде загрозена европската перспектива“, вели Хан.

Целиот текст прочитајте го овде.

Слично

Поврзани вести