Хан: Tрпението на Грција има свои граници
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, во интервју за Еуроактив, изрази сомнеж дека нови избори во Македонија би донеле двотретинско мнозинство.
„Дополнително, трпението на Грција има свои граници. Атина досега се однесуваше конструктиво, но и таа има свој политички календар“, наведува Хан.
Хан бара договорот за името да биде прифатен без одложување.
„Последиците од бојкотот на опозицијата може да ја уназадат земјата во развојните процеси“, смета тој.
Хан додава дека на „средни патеки“ нови избори може да доведат до ризични одложувања на процесот. Тоа не би му послужило никому, затоа што не е јасно дали нови избори би донеле двотретинско мнозинство потребно за да се прифати доgоворот за името.
