ХАН: Референдумот во Македонија е избор меѓу патот во ЕУ и изолацијата
Европскиот комесар за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан вели дека жали поради недостаток на национално единство во Македонија во врска со референдумот за договорот со Грција и ги повикува граѓаните да го искористат своето право со цел да ја обликуваат својата иднина и иднината на својата земја.
Тој рекол дека референдумот е можност за граѓаните да направат избор помеѓу европската иднина и изолација.
„Тоа е избор помеѓу европската иднина која че донесе конкретна корист за граѓаните како владеење на правото, зголемено привлекување на странски инвеститори, со самото тоа и подобри работни места, поголем животен стандард, и патот кој води во изолација, стагнација и пропуштање на единствените прилики за унапредување и напредок во клучни области“, рече Хан.
Како што е наведено, референдумот е избор меѓу стариот националистички концепт и прифаќање на иднината со реформи и со конечен исход - членство во ЕУ и НАТО.
„На граѓаните е да одлучат за својата перспектива со сите конкретни користи за граѓаните и тоа дали нивниот животен стандард ќе се зголеми или не“- заклучил Хан.
