Хан радосен за победата на Пендаровски: еве што напиша во честитката
Eвропскиот комесар за проширување Јоханес Хан му ја честита на Стево Пендаровски победата на претседателските избори во Северна Македонија.
-Се радува на продолжување на соработката на реформската агенда на ЕУ во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го отвораат патот за почеток на пристапни преговори во јуни 2019-напиша Хан на Твитер.
Северна Македонија, како што вели, може да смета на континуирана поддршка на ЕУ за европска перспектива на земјата, согласно со силните европски аспирации за своите граѓани.
Врз основа на сите обработени гласови, на претседателските избори во Северна Македонија Пендаровски освои 51,68 отсто од гласовите, додека Гордана Силјановска Давкова освои 44,72 отсто од гласовите.
Слично
