Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан: Прво демократски трансфер на власта, па спроведување на договорените реформи!

Хан: Прво демократски трансфер на власта, па спроведување на договорените реформи!

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вели дека воспоставувањето на заеднички пазар на Западен Балкан „е вистинско средство“ за надминување на тензиите во регионот.

Тој во интервју за Deutche Welle, посочува дека Берлинскиот процес на соработка на западнобалканската „шесторка“ е копирање на основачката идеја на Европската унија(ЕУ) дека со интензивирање на соработката ќе се смират тензиите, при тоа додавајќи дека во Европа единствено на Балканот „мирот не е стопроцентно воспоставен“.

Во однос на Македонија комесарот апелира на демократско предавање на власта и спореведување на договорените реформи.

Тој зборува за за обврските на новата влада и шансите, доколку се исполни ветеното, да се забрза процесот на интеграцијата во Европската Унија.

Хан во вторник доаѓа во земјава,а во интервјуто го осудува мешањето на албанскиот премиер Еди Рама како контрапродуктивно и ја обвинува Русија дека „додава масло на огнот“ во нестабилната состојба во регионот. 

Слично

Поврзани вести