Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан: Политичките лидери да постапуваат конструктивно

Хан: Политичките лидери да постапуваат конструктивно

Eврокомесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан на македонските политичари во интервју за „Еурактив“ им порача  да постапуваат конструктивно за да се постигне целта и да не се загрози напредокот поради дневно-политички причини. 

Тој вели дека дефинитивно Македонија постигнала најголема напредок во изминатава година, со тоа што ја надминала длабоката политичка криза со демократски средства.

„Земјата отствари значителен напредок со спроведувањето на Пржинскиот договор и реформските приоритети со нова, реформски ориентирана и проевропска Влада. Посебно важни за одбележување се напорите на владата на Зоран Заев за добрососедски односи. По договорот за пријателство со Бугарија, конечно, по 27 години јалови обиди под посредништво на ОН, спорот за името меѓу Скопје и Атина е е решен. Овој историски договор е важен чекор кон остварување на евроатлантските перспективи на земјата“ – вели Хан. 

Тој потсетува дека за успешен договор неопходен е и успешен референдум.

Слично

Поврзани вести