Хан појасни дали ќе има препорака и датум за преговори со ЕУ
Kомесарот задолжен за проширување на ЕУ Јоханес Хан вели дека Европската комисија (ЕК) ќе препорача отворање на пристапните преговори за полноправно членство со Северна Македонија и Албанија кон крајот на мај.
Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), Хан потврди дека препораката ќе биде објавена на 29 мај, кога Европската комисија ќе го објави годишниот извештај за напредокот на земјите кои се во процесот на проширување
Како што посочи европскиот комесар, од земјите-членки на ЕУ зависи дали ќе се согласат со препораката на Европската комисија.
„Двете земји ги исполнија условите и сега е до земјите-членки да излезат со политички проценки“, истакна Хан.
Инаку, ова ќе биде прва препорака за Албанија и десета за Северна Македонија.
