Хан по средбата со БЕСА: Нема време за губење, итно реформска влада
Еврокомесарот по првата средба во Собранието остварена со претставниците на партијата БЕСА упати порака на неговиот Твитер профил дека повеќе нема време за губење и потребно е итно да се формира влада која ќе ги спроведе сите неопходни реформи, како и обврските преземени од Пржинскиот договор.

На средбата присуствуваа и европските пратеници Иво Вајгл, Кнут Фланкештајн и Едуард Кукан. Европските функционери треба да имаат одделни разговори и со лидерите на Алијансата на Албанците Зијадин Села, на ДУИ Али Ахмети, на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Претседателот Ѓорге Иванов, како што информираа од неговиот кабинет, нема да се сретне со Хан бидејќи нема да се предомисли и да му го додели мандатот на Заев.
