Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан: ПЈРМ конечно, со продолжена поддршка на ЕУ, ја надмина политичката криза

Хан: ПЈРМ конечно, со продолжена поддршка на ЕУ, ја надмина политичката криза

Првите чекори кои треба да ги преземе новата Влада се итните реформски приоритети кои се клучни за земјата да добие позитивна препорака од ЕУ, изјави еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан денеска пред средба со премиерот, Зоран Заев во Брисел. 

Хан смета дека земјата конечно ја надминала политичката криза и дека токму главна тема во разговорите со Заев ќе бидат итните реформски приоритети.

„ПЈРМ конечно, со продолжена поддршка на ЕУ, ја надмина политичката криза преку фер избори и формација на нова Влада и сега се надеваме дека ќе се вратат на дневно-политичката рутина. Денеска со премиерот Заев ќе разговарам за имплементација на Итните реформски приоритети“ - рече Хан. 

Заев пред средбата со Хан разговараше и со претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на ЕК, Федерика Могерини, како и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Делегација на новата македонска Влада, е предводена од премиерот Заев, а во делегацијата се и вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска, како и министерот за надворешни работи,  Никола Димитров.

Слично

Поврзани вести