Хан објави: Прва препорака за Албанија, десетта за Македонија
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хам денеска објави дека Европската комисија препорачува отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија.
Македонија официјално ја доби десетатат препорака по ред за добивање Датум за преговори, додека за Албанија ова е прва.
Попладне треба да биде објавен и извештајот за земјите од Западен Балкан.
Последен збор за тоа дали Македонија ќе започне со отворање на поглавјата го имаат националните влади.
Сепак, тоа не се очекува да биде познато до скоро поради тукуштозавршените европски избори и формирањето на раководните структури.
ЕУ се очекува конечниот став да го изгради на есен.
Слично
