Хан: Не носам предлози од Брисел, партиските лидери треба да решат за формирање Влада
Заврши министерскиот состанок посветен на енергетиката.
Оттаму еврокомесарот Хан порача дека треба брзо да се формира Влада која ќе биде составена во широк концепт.
„Треба да се носат крупни одлуки за државата и не треба да се губи време. Очекувам Владата да биде составена врз широка и солидна основа. Јас не носам од Брисел никакви предлози. Конечната одлука треба да ја донесат партиите“, рече комесарот.
Еврокомесарот за проширување и соседска политика попладнево ги започнува средбите со лидерите на партиите.
Тој пред министерскиот состанок се сретна со претседателот на Владата Емил Димитриев откаде порача дека тие ја поддржуваат Македонија и нејзиниот суверенитет и интеграции кон ЕУ.
Горазд Чомовски
Слично
