Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан: Можно е членство до 2025, но секој ден е важен

Хан: Можно е членство до 2025, но секој ден е важен

Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување, истакна дека е реален рокот на зачленување на Македонија во Европската унија до 2025 година, на заедничка прес-конференција со преговарачот Бујар Османи по повод стартот на вчерашниот скрининг-процес пред одердувањето датум за преговори и отворањето на поглавјата.

- Немам датуми, ниту рокови, но ова следната година очекувам резултати. Ова е момент на голем ентузијазам, но не треба да се заборави дека претстои многу работа. Граѓаните треба да ја ценат таа можност да гласаат по ова прашање. Замислете колку делови во светот и Европа има каде што граѓаните ја немаат таа привилегија. Европската комисија девет години и дава поддршка на Мaкедонија со препорака за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Многу европски лидери изминатиот период гостуваа во Македонија и го потврдија тоа. Бојотот не е манифестација на демократичност. Секој ден е важен и не треба да се губи - рече Хан во Брисел.





Слично

Поврзани вести