Хан и Заев со иста порака: Итни реформи и решение на спорот со името
На заедничката прес конференција во Брисел на премиерот Заев и еврокомесарот Јоханес Хан, комесарот Хан порача дека првите чекори кои треба да ги преземе новата влада се итните реформски приоритети и тие се клучни за земјата да добие позитивна препорака од ЕУ.
Хан истакна дека политичката криза во земјава траеше предолго, порача дека опозицијата и власта заедно треба да работат за надминување на сите проблеми .
Хан рече и дека Македнија сака, и треба да напредува а за тоа бил информиран од премиерот Заев и дека Македонија ги почнала реформските чекори.
Исто така Хан истакна дека Европската комисија во секој момент е подготвена секогаш да и помага на Македонија а всушност најави посета на 26 јуни на Скопје, меѓутоа порача и дека решението за името е приоритетно прашање како и добрососедските односи и дека особено треба да се изнајде взаемно прифатливо решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција.
Премиерот Заев пак рече дека Македонија нема да отстапува од евроатлантскиот курс, дека ни треба поддршка повеќе од било кога, но потенцира дека таа треба да биде оправдана со реформи пред се во судството и во јавната администрација.
Исто така Заев рече дека треба да се одржуваат и унапредуваат добрососедските односи пред се со Грција , да се изнајде решение за спорот со Грција и Македонија да може да се движи напред кон членството во Европската унија.
