Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан и Могерини: Oчекуваме националните процедури за спроведување на Договорот да продолжат

Хан и Могерини: Oчекуваме националните процедури за спроведување на Договорот да продолжат

Потребни се политичка храброст, водство и одговорност за решавање на еден од најстарите спорови во регионот. Оваа одлука беше потврдена со гласањето денес, пишува во заедничкото соопштение на високата претставничка / заменик-претседателка Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан за гласањето во Собранието за уставните измени за спроведување на Преспанскиот договор.

„Сега очекуваме националните процедури за спроведување на Договорот да продолжат без одложувања, кон усвојување на уставните измени. Европската Унија силно го поддржува историскиот договор потпишан од премиерите Заев и Ципрас во јуни. Потребни се политичка храброст, водство и одговорност за решавање на еден од најстарите спорови во регионот. Оваа одлука беше потврдена со гласањето денес.Ова е навистина единствената можност за решително помрднување на земјата напред на патот кон Европската Унија, како и за помирување во регионот“,  пишува во соопштението.

Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата, сите нејзини граѓани и нејзините институции, наведуваат тие. 

Слично

Поврзани вести