Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан и Могерини: Договорот е во интерес на двете земји, регионот и нашата Унија во целина

Хан и Могерини: Договорот е во интерес на двете земји, регионот и нашата Унија во целина

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување,  Јоханес Хан во заедничка изјава им честитаа на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето договор за спорот за името.

„Ова, не само што е заслужено како признание за значителните реформски резултати на земјата, туку ќе придонесе за целосна имплементација на договорот во интерес на двете земји, регионот и нашата Унија во целина“- стои во соопштението.

Тие очекуваат Советот на ЕУ да ја потврди препораката за преговори.

Слично

Поврзани вести