Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан и Могерини доаѓаат во Скопје - со кого ќе имаат средби?

Хан и Могерини доаѓаат во Скопје - со кого ќе имаат средби?

Во официјална посета на земјава утре ќе пристигне делегација на Европската Унија предводена од Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

Хан и делегацијата на ЕУ ќе се сретнат со премиерот,  Зоран Заев и владина делегација во Клубот на пратеници на заеднички работен појадок и официјална средба.

По завршување на средбата, Заев и Хан ќе оддржат заедничка прес-конференција.

Во Скопје пристигнува и високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и таа ќе се обрати во Собранието по повод Извештајот на Европската Комисија, за напредокот на Македонија.

Могерини ќе се сретне со премиерот  Заев по што, утре на пладне, ќе оддржат заедничка прес конференција.

Слично

Поврзани вести