Хан и Брисел го повика Таравари по договорот со Заев
Генералниот секретар на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, од денеска е во официјална посета на Брисел. Во текот на дводневниот престој, како што информираат од Сојузот за Албанците, Таравари ќе оствари средби со високи претставници на институции и личности од ЕУ кои го поддржуваат патот на Македонија кон интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Во фокусот на програмата на средбите ќе бидат последните политички случувања во земјата, со посебен акцент на уставни промени и на веќе познатите ставови на Алијансата за Албанците на потребата за унапредување на уставната позиција на Албанците како клучен фактор во градењето на општество мултиетничка, демократска и навистина европска.
Во Европската комисија, Таравари ќе оствари средба со Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и европратениците Кнут Флекенштајн, Едуард Кукан и Иво Вајгл.
Во оваа посета, Таравари ќе биде придружуван од Арбен Фетаи, раководител на Секторот за евроинтеграции во рамките на Алијансата за Албанците.
