Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан: Европската комисија ги награди реформските напори на Македонија и препорача почеток на преговори

Хан: Европската комисија ги награди реформските напори на Македонија и препорача почеток на преговори

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан денеска во Стразбур изјави дека Европската комисија ги награди реформските напори на Македонија и препорача почеток на преговори за членство.

Тој рече дека треба да се пофали она што е направено во изминатите месеци.  Хан  честиташе и рече дека земјата е на добар пат. 

„Реформските напори треба да продолжат и во иднина, посебно околу прашањата за јавната администрација, судските реформи и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Во однос на судството, важно ќе биде и оценувањето на судиите и обвинителите“- изјави Хан.

Македонија сепак уште треба да работи. 

Хан истакна дека политиката за проширување на ЕУ носи резултати, а земјите од Западен Балкан ја потврдиле европската иднина.

Деновиве медиумите пишуваа дека за Македонија ќе има чиста препорака. 

Слично

Поврзани вести