Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан екстремно разочаран од лидерите на ЕУ

Хан екстремно разочаран од лидерите на ЕУ

Европскиот комесар не ја крие разочараност од лидерите на земјите членки на Унијата. И покрај синоќешната одлука тој вели дека останува да ги поддржува земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ.

-Лидерите на ЕУ не успеаја да ја исполнат својата посветеност за отворање на преговорите за пристапување на Македонија и Албанија. Ова е екстремно разочарување, пишува на социјалната мрежа Твитер, европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.

Тој додава дека Европската унија сега треба да разјасни колку е сериозна нејзината заложба за интеграцијата на Западен Балкан.


Комесарот Хан им се заблагодари на сите што синоќа ја ставиле целата своја тежина да постигнат одлука која е од големо стратегиско значење за ЕУ и како што вели се бореа за испраќање на сигнал за надеж до граѓаните на Западен Балкан.

-Како што веќе кажав во Луксембург: Ова не е момент за слава за ЕУ. Да се одбие признавањето на докажаниот напредок ќе има негативни последици, вклучително и ризик од дестабилизација на Западниот Балкан, нешто што ќе се одрази врз ЕУ.

Наша одговорност е сега да застанеме сo државите чиишто граѓани се со право разочарани a јас ќе продолжам да правам се што е во моја моќ да ги поддржувам. Интеграцијата на ЕУ за Западен Блакан е и останува важна стратешка политика, во наш заеднички интерес-завршува Хан.

Слично

Поврзани вести