Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан доаѓа во Скопје и ќе бара реформи

Хан доаѓа во Скопје и ќе бара реформи

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре доаѓа во Македонија, на разговори за спроведувањето на плановите за реформи на македонската Влада. 

Предвидено е Хан да се сретне со премиерот Зоран Заев, со други претставници на новата влада и со останатите политички лидери. 

Хан пред посетата изјави дека доаѓа да даде поттик за спроведувањето на реформите кои Брисел ги очекува во брз рок за да Македонија се врати на патот на евро-атлантската интеграција.

„Со континуираната поддршка на Европската унија, земјата конечно ја надмина политичката криза преку добро администрираните избори и формирањето на новата Влада. Сега, новата Влада, заедно со опозицијата, треба да се фокусира на спроведувањето на Итните реформски приоритети и на целосно спроведување на договорот од Пржино“- рече Хан.

Во земјава пристигна и германскиот експерт Рајнхард Прибе, кој во наредните денови ќе има средби со владини претставници. 

Слично

Поврзани вести