Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан до Иванов: И да не ви се допаѓа, мора да го почитувате парламентарното мнозинство

Хан до Иванов: И да не ви се допаѓа, мора да го почитувате парламентарното мнозинство

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, својот став за одлуката на претседателот Иванов да не му го додели мандатот на Заев го искажа на својот Твитер профил.

– Во однос на последниот развој на настаните во БЈР Македонија, сите политички лидери, вклучително и претседателот Иванов, мора да го почитуваат исходот од неодмнешните избори. Во демократијата, мора да се признае парламентарното мнозинство, дури и ако тоа не го сакате. Затоа, очекувам сите политички лидери и институциите да му дозволат на демократскиот процес да се одвива по својот тек, во интерес на граѓаните, порача Хан во неговото соопштение и објава на социјалната мрежа „Твитер“.

Утре во Скопје пристигнува високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Федерика Могерини, која ќе оствари средби со политичките партии и предводниците на државните институции, а интересно е што во нејзината агенда стои дека ќе се сретне со спикерот на македонскиот парламент кој инаку се уште не е избран.

Слично

Поврзани вести